Мицкоски: Власта нема слух за проблемите на граѓаните

Одбивањето на амандманот на ребалансот на Буџетот со кој се предлагаше ослободување од обврската за плаќање на закупнина за оние кои живеат во општествени или социјални станови а останале без работа поради пандемијата е доказ дека власта нема слух за проблемите на граѓаните. Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски на социјалните мрежи ја обвини власта дека не прави ништо за да им помогне на оние граѓани кои се најпогодени од кризата.

-Владата го одби и амандманот поднесен за ребалансот на буџетот, да бидат ослободени од плаќање на закупнина до крајот на годината, сите оние кои останале без работа поради Ковид кризата, за општествените или социјалните станови, а закупнината да ја надомести владата, стои во неговиот пост на Фејсбук.

„ Поднесени се 177 амандмани во Собранието на Република Македонија. Од досега разгледаните 12 амандмани одбиени се 11, а прифатен само 1“ – напиша опозицискиот лидер на социјалните мрежи

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега