Мицкоски: Власта не сака договор за ЈО, нова лидерска можна ако има приближување на ставовите

На власта не и одговара да се донесе законот за јавно обвинителство, СДСМ сака да го закочи целиот процес. Не сакаат да се договориме затоа што сакаат да имплементираат правно насилие во пресметката со политичките неистомисленици. Не сум оптимист, убеден сум дека не сакаат да има договор, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за МИА.

За тврдењата дека токму ВМРО-ДПМНЕ не сака да се донесе законот, Мицкоски вели дека би сакал да знае на што се темелат тие обвинувања потенцирајќи дека немаат намера да легитимираат беззаконие, ниту да прават компромис со правото.

– Но, секој оној кој се огрешил пред законите и што се посрамотил пред граѓаните, сме кажале, сме го повториле во неколку наврати многу гласно и јасно дека треба да сноси одговорност, вели Мицкоски.

Тој во интервјуто посочува дека по последната лидерска средба немало официјална комуникација на ниво на претседатели на партии помеѓу него и претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев и оти во моментот позициите на двете преговарачки страни се многу различни.

– Нашите позиции се многу различни во овој момент. Нашата позиција се процесите и безусловно почитување на законите и Уставот. Нивната позиција е индивидуи, луѓе кои во целиот овој процес му слугувале на Заев, вели тој и додава дека очекува деновиве работните групи да се сретнат, вели Мицкоски.

За тоа дали ќе има нова средба со Заев за законот за ЈО, Мицкоски вели дека лидерска е можна ако претходно се постигне приближување во ставовите на двете страни.

– Кога ќе видиме дека работните групи ги приближиле ставовите, би можеле да организираме лидерска средба и да видиме дали можеме да се договориме, изјави лидрот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој категорично ги отфрла, како што вели, сите шпекулации дека веќе разговаат со потенцијални кандидати за јавен обвинител, што опозициската партија би го предложила како свој кандидат, доколку се постигне компромис.

Лидерот на опозициската партија вели дека очекува и оти ВМРО-ДПМНЕ работи на тоа земјата да отпочне преговори за влез во ЕУ, но оти неговите информации се половични и дека добивањето датум нема да биде вообичаено како што било за другите земји, туку дека ќе биде некој условен помеѓукомпромис. Ги повика сестринските партии од земјите-членки на ЕУ да не поддржат за донесување на оваа одлука.

Во интервјуто за Мицкоски говори и за неговите очекувања за случајот Рекет, посочувајќи дека не бил повикан во обвинителството откако кажа дека поседува документи од свиркач за случајот, за преземањето на случаите од СЈО и состојбите во праводудниот систем воопшто, одговара зошто опозицијата бара предвремени избори на пролет, за актуелните состојби во партијата, за нивните следни теренски активности и средби со граѓани, но и за тоа како ќе ги натераат граѓаните да излезат воопшто на гласање по бројните избори во изминатите години и гласањето за референдум и разочарувањето од политичките елити што финишираше со случајот Рекет и приворот за Катица Јанева.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2019 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега