Мицкоски: Власта е неспособна да смени улична сијалица, а не па да оргнизира попис

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски обвинува дека власта е непсособна да смени улична сијалица, а не да организира сложена статистичка операција, како што е пописот.

-Уште при првиот ден на евидентирање на дијаспората се случи крах на апликацијата, прво системот падна, слично како и училишниот он-лајн систем, а потоа во истиот можеше да се попише било кој со лажни и измислени податоци.  Се покажа дека од дијаспората може да се попише секој граѓанин кој живее во Македонија, а тоа докажува дека Владата и Заев како и за сѐ друго не се способни да спроведат било каков процес. Не би ме зачудило ако на крај се евидентираат неколку десетици милиони нашинци од дијаспората. Полека но сигурно, пред очи имаме уште еден циркус, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Според него, тоа што се случува со евидентирањето на дијаспората е електронски метод, а опозицијата и тогаш и сега барала тоа да се спроведе откако ќе се постават сите заштити на системот.

- Мојот повик за евидентирање на дијаспората се однесува на регистрирање на државјанствата, и тие не влегуваат во резидентното население. Оттука треба да престанат сите спинови, подметнувања и манипулации на Владата. До почетокот на пописот во Македонија 1 април има можност, а ние ќе поднесеме закон за поништување на пописот. Овој закон кој ќе го поднесеме покрај потписите на пратениците поднесувачи ќе го има кредибилитетот и на над 100 илјади граѓани кои се потпишаа со име и презиме за запирање на пописот. Новиот бран на ковид-19 вирусот и неспособната Влада се гаранција дека или ќе биде одложен пописот на резидентното население, или ќе биде уште еден неуспешен обид на Владата. Оваа власт е способна само за крадење и криминал, сѐ останато пропушти да го направи. Тоа ќе го смениме со смена на Владата, вели Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега