Мицкоски: Владата на Заев нема слух за проблемите на граѓаните- од поднесени 127 амандмани прифатен е само еден

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја обвини Владата дека од поднесените 127 амандмани во Собранието, биле разгледани 12, а прифатен само еден.

„Владата предводена од Зоран Заев нема слух за проблемите на граѓаните.

Поднесени се 127 амандмани во Собранието на Република Македонија. Од досега разгледаните 12 амандмани одбиени се 11, а прифатен само 1.

Владата го одби и амандманот поднесен за ребалансот на буџетот, да бидат ослободени од плаќање на закупнина до крајот на годината, сите оние кои останале без работа поради Ковид кризата, за општествените или социјалните станови, а закупнината да ја надомести владата.“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега