Мицкоски: Владата го презадолжи народот

СДСМ го презадолжи народот, истакна вечерва во интервју за „Инфомакс“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, појаснувајќи дека јавниот долг на државата пораснал на 61 процент од Бруто домашниот производ.

-Долгот на државата порасна некаде над 61, 62 проценти и тој уште повеќе ќе расте. е сега да зборуваме за бројките а да зборуваме за бројките треба да ги знаете фактите. Вие имате една ситуација кога самиот министер за финансии вели ако не беше интервенцијата на владата со оние таканаречени антикризни мерки во економијата, тогаш падот немаше да биде во првите три квартала 5, 9 проценти туку ќе беше 7,1 процент од БДП, што би значело тоа? ако од прилика на крајот од годината БДП, тоа е се она кое што произведуваат македонските граѓани изнесува нешто помалку од 11 милијарди евра, разликата од 1, 2 проценти би значела некаде околку 120, 130 милиони евра за да ги заштедат овие 120, 130 милиони евра тие потрошија повеќе од половина милијарда а ја задолжија државата само за еден кавртал една милијарда. Ако вака дома тие се однесуваат со сопствениот дом и со сопственото семејство мислам дека нема да можат од први до први да го завршат месецот, а камо ли понатаму, рече Мицкоски.

Вели дека граѓаните не можеле да очекуваат ништо од власта бидејќи работела работела сосема спротивно од предизборните ветувања.

-Сета онаа кампања на СДСМ до 2016 година која што велеше дека ако формира влада и дојде на власт дека ќе ја спроведе на дело, денеска е спротивно. Јас не го гледам бројчаникот, не гледам чист воздух, не гледам вода не гледам 500 километри автопат, не гледам реформирано образование напротив гледам руинирано, не гледам реформиран здравствен систем напротив гледам руиниран, не гледам инвестиции во енергетиката, не гледам реформирано правосудство, напротив гледам комплетно заробено правосудство што е основен симбол за заробена држава. Сето она кое што тогаш го зборуваше денеска е ан типот на она што го прави. Тоа е капацитетот на оваа структура на политичари кои што се во владата, немаат они поголем капацитет и никој не може да очекува да имаат капацитет. Тие се добри да направат интрига, да направат некое бизнивче да земат некој процент, тоа е начинот на кои овие луѓе функционираат и ние не можеме како граѓани еве четири години гледаме како тие функционираат да очекуваме нешто поинаку, затоа што е невозможно, тоа е матрица, истакна Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2020 - 22:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега