Однесувањето на СДСМ  и Венко Филипче го покажува нивното потценување на народот и вистинскиот ефект од нивното однесување ќе се види на претстојните локални избори, кога народот ќе го каже своето мислење за нивните непроменети лаги, соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во општина Велес.

Лицемерието на СДСМ, според него, кулминирало со вчерашниот говор на Венко Филипче во Струмица, каде тој зборувал за морал, владеење на правото и етика во политиката, во присуство на  неговиот гуру-Заев.

– Потрошивме часови, денови, да изработиме програма. Се консултиравме со народот, побаравме да работат експерти, и го планиравме секој денар кој ќе го употребиме во решенија и проекти. Наместо тоа од другата страна не видовме програма, туку клевети, заговори за личности, подземни игри. Никаде не излегоа со програма, туку голи ветувања за среќа, живот и црвени линии кои, всушност, не се линии, туку поклон за Бугарија. Кулминацијата ја достигнаа  вчера кога Венко од Струмица, во присуство на наговиот гуру доживеавме да говори за морал и етика во политиката. И додека тоа го зборува, луѓето се чудат и просто со неверување го слушаат човекот чијшто гуру беше во првите редови како зборува за чесност, за владеење на право, како зборува за морал и етика во политиката“, вели Мицкоски.

Exit mobile version