Мицкоски: Висока политичка елита е вмешана во „Рекет“

Во интервју за весникот „Вечер“ Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека наша стратешка цел е Европската Унија, но она што е веднаш потребно е да се промениме ние внатре, зашто во спротивно Европската Унија за нас ќе стане недостижна цел.

- И покрај сите напади од нашето членство дека сме пасивни, во екот на најголемите криминални и корупциски афери му дадовме шанса на целиот процес, си велиме октомври ќе дојде, можеби датум за преговори ќе го врати оптимизмот кај граѓаните, но фактите се поразителни и ние не добивме датум. Тоа не е затоа што опозицијата не испорача, тоа е поради тоа што Владата не испорача, но секој оној што не ги гледаше знаците покрај патот, го изгуби патот. Не се на прав пат, како што велат, туку на многу погрешен пат. А знаците беа многу јасни – нула толеранција за корупцијата, нула толеранција за криминалот, доста е од политички уцени, злоупотреби на законите и на Уставот, но тоа некој не успеа да го види и не успеа да го испорача – тврди Мицкоски.

 Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ, аферата „Рекет“ е најголемата корупциска афера и според сведочењата на луѓе кои биле околу таа група луѓе кои денеска се осомничени, се знае дека не се тие кои го напишале сценариото и го операционализирале.

 

Не може овие тројца луѓе – притвореничката Катица Јанева, Бојан Јовановски, и Зоран Милевски тоа да го направат без согласност на некој многу моќен политички човек. Имаме директно и индиректно учество на висока политичката елита во аферата „Рекет“, но верувајте не е само „Рекет 1“, има и „Рекет 2“ , „Рекет 3“. Не се знае колку продолженија ќе има оваа афера – нагласува Мицкоски.

Целото интервју може да го прочиатат ТУКА.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.11.2019 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега