Мицкоски: Ветуваме намалување на даноците со што ќе се намали и сивата економија

Ветуваме намалување на даноците, ветуваме рамен данок од 8% и на тој начин ќе ја намалиме сивата економија која ќе придонесе за зголемување на приходите во буџетот, истакна денеска во емисијата „Клан дебата“ на телевизија Клан претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека на тој начин ќе ја зголемат приходната страна на буџетот, односно ќе се зголеми буџетот на Македонија, со кои средства се обврзувааат да ги реализираат сите проекти кои што ги имаат во нивната предизборна програма „Проект Обнова“.

Мицкоски како пример ги напомена годините од 2006-2008 година, кога за прв пат во Македонија беше воведен рамниот данок, првично со стапка од 12% кој потоа се намали на 10%. Во тој период на рамен данок приходите во буџетотт драстично се зголемија во спореба кога во државата постоеше прогресивно оданочување. Тој е убеден декаа и овој пат ќе биде така.

-Претпоставувам постои дилема дилема во делот на тоа како ќе имате вие стандад на приходи, а притоа ќе го намалите данокот, односно ќе направите рамен данок од 8%. Токму тоа е суштинската разлика помеѓу нас и нашиот политички противник што ние имаме јасна методологија како да дојдеме до намалување на сивата економија и при тоа со намален данок ќе имаме поголем приход во рамките на буџетот. Тоа веќе го испробавме многу пати во минатото, ќе ве потсетам уште во таа 2006-7-8 година кога се напушти принципот на прогресивен данок и кога се воведе за прв пат рамниот данок, најпрвин 12-11 па 10%, приходите во буџетот пораснаа драматично, споредено со тоа што беше во времето на прогресивниот данок. Така ќе биде и овој пат, констатираше Мицкоски.

Рече дека со намалувањето на рамниот данок, конкретно на 8%, пропорционално ќе се намали и сивата економија која ќе доведе до зголемување приходите во буџетот,

-Главна суштина и главна битка во делот на зголемувањето на приходната страна е намалувањето на сивата економија. Ние цениме дека со намален рамен данок, сивата економија пропорционално ќе се намалува. Постојат и други механизми кои што ги има државата во посед кои што ќе ги користиме во следниот четиригодишен мандат, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега