Мицкоски: Вечерва имавме класична полициска монтажа чија цел беше убиство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан  Мицкоски кажа дека на денешниот протест некој имал план да направи инцидент и да се изгуби човечки живот.

Мицкоски кажа дека ова била класична политичка монтажа.

„Се случи тежок инцидент. Класична политичка монтажа. Убиство на некого, мајка со дете, мое убиство, недолжен човек. Требаше да личи на меѓуетнички конфликт, а не е ништо освен борба за власт. Долго време добивам информации за моја елиминација. Денеска видовме две вооружени лица кои требаше да го направат тоа. Порака до Албанците. Борбата е заедничка, како во минатото, така и во иднината. Порака до Македонците. Да останеме достоинствени и да се бориме“, кажа Мицкоски.

06.07.2022 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега