Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оцени дека партијата остварила убедлива победа во првиот круг од предвремените локални избори во Брвеница, со предност од околу 800 гласа пред кандидатот на ДУИ.

„Имаме предност од отприлика 800 гласа во однос на кандидатот на Демократската унија за интеграција, а во однос на СДСМ победивме со разлика поголема од четири спрема еден“, изјави Мицкоски.

Тој рече дека очекува во вториот круг дополнителна консолидација и уште поголема поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, со цел победата да биде заокружена на 1 ноември.

„Очекувам бројката од околу 3.000 гласа по вториот круг да се искачи на рекордни над 4.000 гласа“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ очекува поддршка од сите етнички заедници во општината и им се заблагодари на сите граѓани на Брвеница кои гласале за нивниот кандидат.

Exit mobile version