Мицкоски: Требаше Заев и Спасовски оставка да си поднесат уште првиот ден од аферата мафија

Вечерва во „Заспиј ако можеш“ во Алфа телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНРЕ, Христијан Мицкоски, кој истакна дека во врска со аферата Мафија, Заев и Спасовски требаше да си поднесат оставка уште првиот ден откако се објави аферата, затоа што станува збор за страшен криминал.

Ај што се неспособни, ај што се криминогени, се уздисале со криминалци, сега се обидуваат невешто да се бранат, а цела јавност им се смее, на овие луѓе како лоботомија да им е направена,  требаше да си поднесат оставки уште дента за колку толку да ја санираат штетата, вели Мицкоски.

Мицкоски вели 215 пати се давани државјанства, проблемот е зошто вакви пасоши немат овие луѓе од Албанија или од други земји, зошто баш од Македонија.

Ако се погледнат документите може да се увиди дека станува збор за многу вистинити патни исправи, луѓето кои ги добиле со украден идентитет, како Седат Пекер, кој е протеран во 18 јануари 2021, а веќе на 21 јануари се појавил во полициска станица Драчево, а веќе на 27-ми му се издаде лична карта, страшно и денеска го гледаме збунетиот Спасовски како седи, истакна Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2021 - 23:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега