Мицкоски: Со Заев сме приковани на дното, додека тој е премиер, земјата има нула шанси за подобар живот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со доза на иронија на својот Фејсбук профил напиша дека „Македонија со Заев е земја рекордер” и во исто време даде одговор на прашањето „Какви рекорди се рушат” од страна на владата на Заев:

„Македонија со Заев е земја рекордер, но какви рекорди се рушат?

-Македонија 5-та во Светот по смртност од коронавирус, стои во анализата на France Presse (AFP);
- Македонија е 3-та најсиромашна земја на европскиот континент според статистиката на ЕУРОСТАТ;
-Македонија е држава со хибриден режим според Freedom House на дното во Европа по демократија;
-Македонија е прогласена за најнесреќна земја во Светот според агенцијата Галуп;
А требаше да блескаме, да бидеме држава во која ќе се делат лекции по економија... со Заев сме приковани на дното, додека тој е премиер, земјата има нула шанси за подобар живот“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.01.2021 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега