Мицкоски: Со референдум да ја зачуваме државата од асимилација

 
Гласот на референдум ја направи Македонија независна, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.
Гласот на референдумот ќе ја направи Македонија достоинствена.
Пред 31 година одлучивме да бидеме независни, иако и тогаш многу не беа среќни со нашата одлука.
Пред 31 година дадовме завет дека ќе направиме се независна Македонија да биде држава со којашто ќе се гордееме.
Огромен предизвик беше референдумот за нашата независност. Многу прашања, дилеми и критики имаше и тогаш, но времето покажа дека овој чекор беше историски.
Сега, 31 година подоцна стоиме пред ист предизвик.
Со референдум да ја зачуваме државата пред обидите за уцени и асимилација, а да продолжиме по патот за Европската унија.
Гласот тогаш беше храброст.
Гласот сега ќе е храброст.
Нека ни е честит и вековит 8 Септември!
Да живее Македонија! , напиша Мицкоски.

08.09.2022 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега