Премиерот Христијан Мицкоски упати порака по повод Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот.

– Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот нѐ потсетува дека вистинската сила на една држава не е само во нејзините институции, туку во срцето на нејзиниот народ. Во тоа како ги прифаќаме различностите и како се грижиме едни за други.

Лицата со аутизам не се „различни од нас“ тие се дел од нас. Тие се наши деца, наши соседи, наши пријатели. Тие се огледало на нашата совест.

Како Влада, наша должност е да создадеме општество во кое секое дете ќе има еднаква шанса, а различноста ќе се препознава и почитува како вредност.

Денес не зборуваме само за свест зборуваме за акција. За подобро образование, за достапни услуги, за достоинствен живот. Да бидеме гласот на оние што често остануваат нечуени. Да покажеме дека силата на една држава се мери по тоа колку се грижи за своите најранливи.

2 Април – Светски ден за подигање на свеста за аутизмот, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Exit mobile version