Премиерот Христијан Мицкоски упати силна и емотивна порака до македонските граѓани кои живеат во странство, но и до оние кои веќе одлучиле да се вратат и да инвестираат во својата татковина. На денешниот настан, тој истакна дека државата не им се лути на оние кои заминале во потрага по подобар живот, но порача дека само дома човекот е „свој на своето“.

„Каде и да одите низ светот, колку и да сте успешни, таму секогаш ќе бидете дојденци. Почитувани и можеби добро платени, но сепак дојденци. Само дома вашето име и вашот труд имаат длабок корен и трајна вредност. Каменот тежи на своето место“, истакна премиерот.

Мицкоски потенцираше дека враќањето на оние кои стекнале знаење и капитал надвор не е само симболично, туку суштинско за развојот на македонската економија и општество.

Exit mobile version