Со инвестиција речиси 30 милиони евра се реализираат активности за подобар живот во Неготино, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски преку објава на официјалната фејсбук-страница.
- Проектот за изградба на урбана заедница 5, урбан блок 5.1 во Неготино, претставува значаен инфраструктурен зафат што има цел создавање современа, функционална и добро организирана урбана средина. Со проектот се предвидува пробивање и уредување нови улици со вкупна должина од 550 метри, како и изградба на комплетна комунална инфраструктура, што опфаќа водоводна линија, атмосферска и фекална канализација – напиша Мицкоски.
Сподели дека инвестицијата изнесува 29.603.854 денари и е целосно обезбедена од Владата преку Министерството за транспорт и врски.
- Проектот има долгорочно значење за развојот на Неготино бидејќи придонесува за рамномерен урбан развој, подобрена безбедност и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните поставувајќи темели за модерен и одржлив град. Се работи за проекти за трајна промена, темели за сигурна иднина – се вели во објавата.с

