Мицкоски со апел: Бојкотот му помага само за Заев, излезете и гласајте

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, се огласи на Фејсбук и повика да не се бојкотираат изборите за претседател.

- Вие кои цврсто заговарате бојкот, знам дека имате многу причини и не велам дека за се не сте во право, но ви се обраќам искрено без ракавици, имате една причина да излезете да гласате, таа е Македонија. Бојкотот му помага само на Зоран Заев. Бесот нека не ви биде поголем од љубовта кон татковината, која знам дека длабоко во срцето ја носите. Гласајте, не поради мене, туку за вас и вашите семејства, гласајте за Македонија, напиша Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега