Мицкоски: Ситуацијата е неподнослива, мораме да ставиме точка на овој економски геноцид

Состојбата во Македонија е неподнослива, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот протест пред Владата.

Според него, Македонија има најголема стапка на инфлација. Вели дека секое покачување на минималната плата не може да го покрие покачувањето на производите и на горивата.

-Час поскоро мораме да ставиме одлучна народна точка на овој економски геноцид на Димитар Ковачевски, Зоран Заев, СДСМ и ДУИ, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели состојбата е неподнослива бидејќи цели 5 години чекаме датум за старт на преговорите со Европската унија.

-Не излажаа, не предадоа и се уште сме во чекалната на Европската унија, рече Мицкоски.

 

18.06.2022 - 21:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа