Мицкоски: Што ако Макрон го поддржал предлогот, тој знае подобро за мене од самиот јас?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека и ако ЕУ и македонската Влада го одобрат францускиот предлог, тие ќе останат против и ќе бидат заедно со народот.

Мицкоски додаде дека не е важно тоа што зад предлогот стои францускиот претседател Емануел Макрон, бидејќи не може тој да знае што е подобро за Македонците од самите Македонци.

-Што треба сега, ние да се асимилираме? Ако планот им е таков, нека кажат отворено: вие не треба да постоите, тоа е планот. Што ако овој предлог е поддржан од Макрон? Тој знае подобро за мене од самиот јас? Еве јас велам дека тоа не е добро за мене.

 

Нема да останеме осамени, ќе бидеме со народот. Ќе бидеме со македонскиот народ, а против предлогот. Лошото е што овој предлог ќе го прифатат без да има парламентарна дебата. Или ќе го протуркаат со 61 глас, нема да имаат 80, рече Мицкоски.

20.06.2022 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа