И покрај огромниот долг што доспева за наплата, граѓаните и бизнисот треба да бидат спокојни – ликвидноста е гарантирана. Премиерот Христијан Мицкоски денеска испрати порака на стабилност, иако најави дека државата треба да врати околу 6 милијарди евра стари долгови, генерирани од претходната власт СДСМ – ДУИ.
Тој ја искористи приликата да направи паралела со безбедносната состојба.
„Граѓаните и бизнисот да бидат спокојни, исто како што нема во Македонија мигранти, исто како што нема криза, така средствата се обезбедени, ликвидноста е гарантирана“, рече Мицкоски.
Според него, иако секоја година ќе достасува нова еврообврзница за наплата, Владата има план како да се справи со овие обврски без да се загрози економијата.

