Наша стратешка цел ќе биде се што е почнато и заглавено да го одглавиме и да ја засилиме динамиката на реализација и тоа го правиме. Пуштаме патишта, пруги, капитални инвестиции, меѓу кои е и браната Отиња. Се разбира дека планираме и развој, кој се проектира и очекувам до крајот на оваа година или првата половина на следната година крупните големи проекти да ги завршиме и да почнеме со нови развојни проекти, преку инвестирање во општините токму тоа и го правиме. Генерално тоа се проиоритетие, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во општина Зрновци, каде беше поставен камен-темелник на Дом за стари лица.

Одговорајќи на новинарско прашање за браната на река Отиња во Штип, премиерот изјави дека од првичната пресметка недостасувале околу 2 милиони евра.

– Со ребалансот се обезбедени и тие средства, па од 6 дојде на 8 милиони евра. Значаен проект, нагласи премиерот Мицкоски.

Прашан за браната Речани и дали може да се забрза динамиката на изградба, премиерот Мицкоски изјави дека може, но прво, како што рече, мора да се откријат одговорните зошто до тука е заглавена работата. 

– Јас знам, но институциите се занимаваат. За жал, некој се поигрувал со државните пари, како и многу работи во минатото. Апсолутно да, тоа е во нашиот фокус и не треба да имате дилема бидејќи и за самото Кочани, кое ќе биде најголем корисник на тој капацитет, тоа ќе значи помали трошоци во процесот на водостабнување кај граѓаните бидејќи нема да се користат бунари, па да се плаќа скапа електрична енергија. И ако ја пресметаме внатрешната стапка на поврат на подолг рок, таа е во корист на граѓаните, општината, државата и апсолутно да, тоа е приоритет. Но, мора некој конечно да се позанимава и што се случувало во минатото, но тоа е работа на Обвинителството. Сега тоа што таму е ситуацијата таква каква што е, тоа е друг проблем, кој се надевам дека наскоро ќе го решиме, изјави премиерот

Leave A Reply

Exit mobile version