Мицкоски се откажал од измена на Кривичниот законик

 

По неполни два часа од почетокот лидерите на четирите најголеми партии во земјата ги прекинаа разговорите и заминаа на куса пауза.

Според неофицијални информации лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се откажал од измените на член 353 од Кривичен законик, објави ТВ24 повикувајќи се на свои извори.

Според истите извори, тоа го образложил со, како што рекол, невистинитите спинови дека тие барале амнестија, тоа не им било целта.

На лидерската средба се дискутира околу 

„пржинската влада“ односно дека Зарв прифатил да се формира техничка влада под услов Мицкоски јавно да ги повика јавно граѓаните на референдум, со цел да се исполни цензусот од 900.000.

На лидерскта средба во Клубот на пратениците присуствуваа премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, Али Ахмети од ДУИ, Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ и Билал Касами од БЕСА.

Ова е трета лидерска средба во последните пет дена. Првите две  се одржаа минатата недела, едната во проширен состав со присуство на  лидерите на партиите кои имаат повеќе од еден пратеник во Собранието, а втората во скратен состав по барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. 

 

 

 

23.07.2018 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа