Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда со која се утврдува дека СДСМ изнесувала тешки клевети и невистини против премиерот Христијан Мицкоски. Станува збор за соопштение на партијата од октомври 2022 година, за кое судот пресуди дека било без никакви докази и основа.

Премиерот Мицкоски преку Фејсбук порача дека оваа одлука го разоткрива политичкиот модел на опозицијата, кој наместо програми, се потпира на дискредитации.

„Оваа пресуда јасно го разоткрива нивниот модел: наместо аргументи – напади, наместо програми – дискредитации. СДСМ и формално е судски утврдена како клеветничка партија“, нагласи Мицкоски.

Според премиерот, ова е „жесток шамар“ и за сите гласноговорници кои водеа кампањи со билборди базирани на дезинформации.

Exit mobile version