Мицкоски: Претседателот Трајковски покажа пример како вистински се претставува Македонија, дома и низ светот

Денеска се навршуваат 16 години од трагичната несреќа во Мостар, БиХ во која загина поранешниот претседател на Македонија, Борис Трајковски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил напиша дека претседателот Трајковски покажа пример како вистински се претставува Македонија, дома и низ Светот.

-"Верувам во Македонија" велеше Претседателот Борис Трајковски, и ова е примерот кој треба суштински да се следи дури од оние кои тоа го прават само со зборови, а нивните сегашни дела го кажуваат спротивното. А Претседателот Трајковски покажа пример како вистински се претставува Македонија, дома и низ Светот. Скромен, со голема харизма, чесен и посветен на делото, со визија за Македонија. Денес 16 години по неговото погибие ова се целите кои треба да се продолжат онаму каде овој човек застана. Слава му!- нашупа Мицкоски на фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега