Мицкоски повика на натпартиски протест: Се работи за Македонија, за Илинден, за АСНОМ – да не биде предоцна

Опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски вечерва повика на натпартиски протест по интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНес.

-Протест сега, за да не биде предоцна! Ако нашите дедовци од 1941 до 1944 година се бореле против „администрација" како што манипулира Заев, тогаш тоа нив ги прави „терористи" и „престапници", а не ослободители. Не! Нашата слобода е дело на народната борба против окупаторот, со многу жртви, падови и победи. АСНОМ е вториот Илинден, а Народноослободителната борба е дел од европската борба за слободни народи, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Вели дека Македонија е за пријателство, но пријателството, според него, значи взаемно почитување.

-Ако нема почитување, нема да се разбереме. Да не бидеме неми, да бидеме гласни пред да биде предоцна. Повикувам на натпартиски предупредувачки протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет. Утре во 18 часот, од СЦ „Борис Трајковски“ до Влада. Протестот, поради запазување на здравјето поради корона кризата, ќе биде со автомобили. Овде не се работи за партии, овде се работи за Македонија, за Илинден и АСНОМ, за она што сме и она што сакаме да останеме. Сега, за да не биде предоцна, вели Мицкоски.

Протест сега, за да не биде предоцна! Ако нашите дедовци од 1941 до 1944 година се бореле против „администрација" како...

Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, 25 November 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 21:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега