Мицкоски: Потребни се предвремени парламентарни избори со претседателските

Имавме состанок со лидери и претставници на политичките партии кои се дел од коалицијата „За подобра Македонија“, која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Разговаравме околу актуелната политичка и економска состојба во државата и генерално донесовме заклучоци кои произлегоа од опсежната и темелна дебата во рамки на состанокот, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Прво би се задржал на оној процес на уставните измени кои се случија во текот на минатата недела. Претставниците на политичките партии кои се дел од на коалицијата „За подобра Македонија“ го осудија чинот на уцени, на закани, на притисоци, на тргување со правото и правдината, а се со цел остварување на политички цели, за кои сите ние бевме сведоци што се случуваше изминатиот период, практично целосно делегитимирање на правната држава. Македонија практично е држава каде што веќе немаме владеење на правото, рече Мицкоски.

Претставниците на политичките партии кои се дел од Коалицијата се сложни и за организирање на предвремени парламентарни избори согласно закопните, заедно со претседателските избори во Република Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2019 - 19:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега