Премиерот Христијан Мицкоски ја демантираше опозицијата, која, како што рече, се обидувала да креира „лажна слика“ дека тој и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да се појават на Анкетната расправа поврзана со трагичниот настан.
„Видовте дека сите бевме присутни и Претседателката дојде исто така да биде дел од Анкетната расправа, претседателот на Собранието, јас лично. Така што, тука бевме да слушаме… сите тие лаги им се распрснуваат во рака како обична лага, а вистината е сосема поинаква“, истакна Мицкоски.
Тој посочи дека го слушнале зборот на родителите, како и дискусиите на организациите како „Супорт Кочани“ и „Кој е следен“.
На крајот, премиерот уште еднаш изрази длабоко сочувство до сите оние кои ги загубија најмилите и до повредените.
„Ние како држава ќе сториме сѐ што е во наша моќ да помогнеме на тие коишто се лекуваат, да ја дадеме сета онаа нега којашто е потребна, и се разбира сочувствуваме со болката на сите оние семејства коишто ги загубија своите најмили.“

