Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за бришење на процентите

-Подготвен сум да разговарам за се. Подготвен сум да разговарам за бришење на процентите, подготвен сум да разговарам и очекувам поддршка и од останатите политички партии, за една изборна единица, подготвен да разговарам за бришење на бадентерот, бришење на балансерот, бидејќи гледам дека одредени политички субјекти сакаат постепено да го напуштат Охридскиот рамковен договор. Тогаш ајде заеднички да создадеме општество коешто ќе го проектираме од денеска па во следните педесет години. Затоа што познавам многу луѓе коишто не сакаат и се чувствуваат навредени што се дел од некаква квота, што се дел од некакви проценти.

Вака одговори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, прашан за коментар околу барањето за уставни измени и промена на категоријата 20 проценти.

 

08.04.2022 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа