Оваа Влада има полн легитимитет. Повеќе од 600.000 граѓани на изборите минатата година гласаа за оваа Влада.
Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за можни предвремени парламентарни избори рече дека неговата ВМРО-ДПМНЕ, државните интереси ги става пред партиските.
-Јас разбирам дека има политички партии кои освен поделби и би рекол, национални испади, немаат друга програма. Па за да ги мобилизираат своите структури и гласачи, единствената работа која можат во овој момент да ја зборуваат е да повторуваат „предвремени избори“. И ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи со историски резултат во 2021 на локалните избори, па беше во опозиција до парламентарните избори. Убедливо победи со историски резултат, денеска Влада. Еве, денеска излегува ревидиран извештај за 2024 – БДП, 3%, еден од најголемите во Европа. За 2024 одиме и над тоа, тоа е над сите очекувања на ММФ и Светската Банка. Би било навистина жалосно ако сите овие позитивни индикатори ги прекинеме со предвремени парламентарни избори. Ние го ставаме, како политичка партија, државниот интерес пред политичките емоции, рече Мицкоски.