Македонија би можела да стане дел од Европската Унија многу побрзо отколку што се очекуваше, но под специфични услови. Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на Канал 5 откри дека во Брисел сè погласно се дискутира за сценарио според кое земјава, заедно со Украина, Црна Гора и Албанија, би влегла во Унијата веќе на почетокот на 2027 година.

Македонија би седела на масата во Брисел, би учествувала во работата на Советот и комисиите, но нема да има право на глас во првата фаза.

Како што ќе се затвораат поглавјата, земјата ќе добива поголеми надлежности до целосно прилагодување на системот.

Ова сценарио е тесно поврзано со мировниот план за Украина и потребата за нејзина брза реконструкција и интеграција.

„Да седнеме на масата, да се развиори македонското знаме во Брисел… Ова е она што моментално се слуша како идеја по ходниците во Брисел, а беше тема и на Минхенската конференција“, изјави Мицкоски.

Exit mobile version