Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати силна порака по повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, нагласувајќи дека ромската заедница не е „друга“, туку е нераскинливо ткиво на македонската држава. Говорејќи во Собранието, тој истакна дека фокусот на Владата е ставен на образованието како клуч за уривање на бариерите.

„Нашата визија почнува со училишта во кои нема да постои поделба, туку можност. Со систем што не прави разлика, туку отвора врати. Секое дете, без разлика каде е родено, има право на големи соништа, а наша обврска е тие да станат реалност“, порача премиерот Мицкоски.

Тој нагласи дека интеграцијата не значи асимилација, туку еднаквост и правичност за секој граѓанин.

Exit mobile version