Мицкоски: Обични службеници добија минимални казни за да се заштити криминалот на власта во аферата „Мафија“

Коментирајќи ги пресудите за случајот со лажните пасоши, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагира преку социјалните мрежи.

„Кога ја објавив аферата ‘Мафија’, Спасовски и Заев рекоа дека сум направил саботажа“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

„Денес, кога за тоа што над 200 криминалци од Шкаљарскиот клан, турската, албанската мафија, ИСИС, италијанската Ндрангета имаат македонски пасоши кои не се поништени, судството на Заев суди по само 2 години затвор, никаде ги нема да кажат збор. Затоа што овие службеници треба да бидат топовското месо за да се заштити криминалот на власта“, стои во напишаното од Мицкоски.

„Договорена работа и голем срам! Одговорност ќе има веднаш по смената на власта“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи.

Кога ја објавив аферата мафија, Спасовски и Заев рекоа дека сум направил саботажа. Денес, кога за тоа што над 200...

Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, 5 May 2021

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2021 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа