На почетокот на XVIII Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржува во Спортскиот комплекс „Јасмин“ во Кавадарци под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“ се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што истакна дека новата парадигма Државност 2030 на ВМРО-ДПМНЕ е модел за модерно државно водство.
„Новата политичка епоха бара парадигма што ќе ја надмине логиката на транзицијата. Парадигмата „Државност 2030“ се темели врз три оски: институционална стабилност над политички циклуси, продуктивност како национален приоритет, идентитет + Европа: синтеза, а не конфликт“, кажа Мицкоски.
Мицкоски во својот говор ги наброја десетте принципи кои ја дефинираат парадигмата на модерното државно водство.
„Овие десет принципи ја дефинираат парадигмата на модерното државно водство:
Достоинство пред сè – политиката ја почитува вредноста на човекот и државата.
Правдата е единствениот легитимен авторитет – без неа нема држава.
Знаењето е највисоката форма на капитал, образованието е темел на иднината.Државата мора да биде силна, но не и доминантна, силна во заштитата, умерена во контролата. Нацијата е заедница на заедничка судбина – не етнички список, туку историска целина. Пазарната економија создава можности, но мора да биде праведна, слободата бара одговорност. Институциите се јадрото на демократијата – политиката доаѓа и си оди, државата останува. Европската ориентација е цивилизациска определба – не тактика, туку вредност. Технологијата и одржливоста се новиот облик на развој – зелената трансформација е пат, не опција.
Општеството се гради со доверба, без неа нема стабилност, единство, напредок. Овој идеолошки кодекс, национален договор и нова парадигма ја оформуваат политичката мисла што ја води партијата во периодот 2025–2030. Тие го поставуваат патот кон Македонија која е: суверена во идентитетот; eвропска во ориентацијата; стабилна во институциите и успешна во економијата“, заклучи Мицкоски.

