Мицкоски: Ниту Јанчев, ниту Рангелова ќе бидат разрешени

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски категорично ги демантира неофицијаните информации и пишувања во медиумите дека попладнево на седница на Извршниот комитет ќе бидат разрешени потпретседателот Митко Јанчев и Даниела Рангелова, претседателката на Унијата на жените.

– Најостро демантирам дека на седница на Извршниот комитет ќе се случи какво било разрешување во партијата. Ниту сум помисил, ниту планирам да има такво нешто. Јас ги разбирам СДСМ и луѓето околу нив и јасни ми се нивните намери и што сакаат да постигнат со вакви шпекулации и класини дезинформцаии насочени, пред сѐ, кон ВМРО-ДПМНЕ. Ние се подготвуваме за избори и немаме намера да се занимаваме со шпекулации на кујната на СДСМ по неуспешниот референдум, вели тој за Плсуинфо.

Додава дека како претседател и како човек во ниту еден момент не помислил на такво нешто.

- Со Јанчев имам добра комуникација, токму утрово со него разговаравме. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен и неколку пати досега повторен и за ситуацијата пред и по референдумот, вели тој.

 

 

 

12.10.2018 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега