Мицкоски: Ние не сме талибанци да бришеме историја – веднаш по промената на власта ќе ја вратиме така како што ја признава светската историја

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека шокантна е изјавата на премиерот Зоран Заев за бришењето на „бугарски фашистички окупатор“ од учебниците.

-Нека оди и нека им го каже тоа на внуците, синовите и ќерките, на луѓето коишто своите живот ги загубија во Треблинка, притоа уапсени и ставени во вагони од страна на раката на бугарскиот фашистички окупатор. Нека оди на нив да им објасни кои се тие што соработувале, а кои се тие што не соработувале. Шокантно, рече Мицкоски.

Вели дека по промената на власта историјата ќе биде вратена така како то ја признава светската историја.

-Веднаш при промената на власт, ние не сме талибанци, да бришеме историски факти, ќе ги вратиме тие историски факти такви какви што светската историја ги признава. Тие биле фашисти, ние сме се бореле против тие фашисти. И наместо да бараат да бришеме учебници треба да дојдат овде и да се извинат на овој народ, рече Мицкоски.

24.09.2021 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега