Мицкоски: Ни треба огромен инвестициски бум, тоа ќе го донесе Обновата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Радио слободна Европа посочи дека во програмата „Обнова на Македонија“ се што е пишано ќе се реализира. Тој додава дека прку мерките што се предвидени во Македонија ќе се стабилизира економијата.

-Доколку ме прашувате за методологијата и начинот на кој што ние ќе дојдеме и тоа сет на политики,тоа не е само бројка која што е напишана на хартија, и сега ние за таа бројка треба да ја споменуваме и да ја повторуваме секаде на настаните и митинзите. Тоа е сет на политики кои што не само во економијата, туку треба да бидат поврзани и со правосудството, односно реформите сериозни во правосудството за да може на тој начин инвеститорите без разлика дали се тие домашни или странски, да се чувствуваат сигурни да дојдат и да инвестираат во Македонија, појасни Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека е потребен процес на реиндустрализација. За тој процес се има многу посветено во програмата за „Обнова на Македонија“. Тоа е стимулирање на извозно ориентирани компании, кои што ќе извезуваат надвор од Македонија.

-Носење на инвеститори со голема додадена вредност односно инвеститори кои што ќе инвестираат во Македонија и на тој начин ќе ги зголемиме странските инвестиции според методологија која што е опишана во нашата програма. Робусна реализација на капиталните инвестиции тоа е нешто што го зборував и сега кога требаше да се предлагаат мерки за справување со економската криза и ублажување практично на падот на БДП, но за жал не бев во тој момент послушан. Робусна реализација на капитални инвестиции на ниво минимум од 90-тина проценти од тоа што е предвидено. Така што ценам дека сето она кое што е дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ и тој сет на мерки можат нескромно да кажам дека ќе донесат минимум раст од 4.5% на годишно ниво, бидејќи економистите знаете што велат никакви мерки да не правите, ништо да не правите, само да го ставите системот по инерција, без било какви „disturbance“ што викаат во економијата, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има и нуди надежна, прецизна и точна програма. Сите сугестии на стопанските комори се преточија во пасуси кои што се наоѓаат во програмата, во економскиот дел.
„И можам да кажам дека врз основа на целата таа навигација, но и врз основа на анализите кои што се присутни на светско ниво ние дојдовме до овие бројки, и сме прилично уверени дека тоа идната влада на ВМРО-ДПМНЕ реализирајќи ги сите овие сет на мерки може да го реализира. И ние стоиме со нашиот потпис и затоа велиме дека се обврзуваме. Ние не излегуваме на овие избори да пишуваме бројки и потоа да ја веднеме главата, да се срамиме и да бараме изговори зошто тие бројки не сме ги реализирале, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски нагласи дека зад програмата ВМРО-ДПМНЕ стои со својот личен идентитет и дека тие бројки пишани внатре ќе се реализираат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.07.2020 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа