Мицкоски: Нема да почитуваме едностран договор со Бугарија

Се сомневам и загрижен сум дека премиерот во заминување е подготвен да потпише нов договор со Бугарија кој ќе значи асимилација и директен удар на идентитетот на македонскиот народ, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешнaта посета на Прилеп.

Информациите кои ги добиваме, посочи тој, се алармантни.

-Зоран Заев во заминување е подготвен да потпише нов договор иако нѐ убедуваше дека ги решил сите дека ги решил отворени прашања со нашите соседи во кои делумно или целосно ќе ја прифати Резолуцијата усвоена од бугарскиот Парламент од ноември 2019, ако не грешам. Тоа претставува комплетно асимилирање на македонскиот народ и директен удар врз идентитетот. Бидејќи е во заминување, загрижен сум дека може да го направи овој потег, а последиците сите ние да ги плаќаме. Имајќи ги неговите состојби во Владата и коалицијата на ДУИ, или поточно со Али Ахмети и Артан Груби, се сомневам и загрижен сум дека овие информации се вистинити и дека тоа може да се случи, изјави Мицкоски.

Затоа, дополни, мојата порака до новата влада кај нашиот источен сосед и до претседателот Радев беше дека овој едностран договор на влада која е без кредибилитет, бидејќи беше поразена на локалните избори, како ВМРО-ДПМНЕ немаме намера да го почитуваме, зашто тоа ќе значи директен удар врз идентитетот на македонскиот народ и асимилирање на македонскиот народ. Нешто што нема никаква врска со вредностите на 21 век и со вредностите на ЕУ, рече Мицкоски.

Мицковски најави подготвеност да разговараат со секого за, како што рече, тоа што е пред нас, а не за тоа што е зад нас.

-Да разговараме за добро образование, за туризам, за инфраструктурно поврзување, за сето она што нуди прогрес и иднина. Да не се враќаме во минатото, зашто тоа се болни теми на Балканот. Нема да прифатиме никакви уцени и ќе ги повикаме нашите пријатели во Брисел да не поддржат, бидејќи ние сме луѓе кои сакаат да споделуваат европски вредности и за иднината, а не за минатото, рече Мицковски.

Тој во одговор на новинарско прашање повтори дека е неетично што политичкиот опонент СДСМ закажа конгрес во ист ден со оној на ВМРО-ДПМНЕ иако нивниот бил закажан месеци порано.

03.12.2021 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа