Мицкоски: Нема да ја игнорираме реалноста за името

Сме кажале дека сме било против таа капитулација што ја донесе Зоран Заев потпишувајќи го Преспанскиот договор, но истовремено сме кажале дека ние реалноста нема да ја игнорираме, но истовремено сме кажале дека нема никогаш дозволиме оганот македонски да згасне се додека постои ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе се бориме за Македонците, за Mакедонија и се што е поврзано со придавката македонски, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој одговара на прашањето, како ветуваат интеграција на Македонија во ЕУ, а промената на името во Северна Македонија го користат во негативен контекст.

„Ние ја користиме вокативната форма од името Македонија, тоа е Македонијо, зошто сакаме да покажеме еден вид на гордост, затоа што нашиот став е поврзан со нашата македонштина, со тоа што сме ние Македонци, коишто се од Македонија е познат и многу пати артикулиран во јавноста и сме го кажале во стотици интервјуа и тука навистина нема што да додадам и што да одземам“, вели Мицкоски во интервјуто.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.07.2020 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа