Мицкоски: Не очекувам други наши пратеници да ги прифатат уставните измени

ВМРО-ДПМНЕ останува на претходно кажаните ставови и не очекува други пратеници да ги прифатат уставните измени за промена на името. Ова го изјави за Дојче веле лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

- „Пандорината кутија во овој процес ја отвори Зоран Заев и препорачувам од него да се бараат одговори за ваквата ситуација, а не од ВМРО-ДПМНЕ. Веројатно, Заев од премногу дриблање почнува да си дава и автоголови и да праќа посредници, што само ја покажува неефикасноста на целиот процес и неприродниот и насилен начин на кој сака да дојде до целта“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. за Дојче веле.

Не ја исклучува опцијата дека Заев има и други цели во текот на овој процес.

- „Свесен дека драматично губи кај македонскиот електорат, не исклучувам ваквото јавно пазарење со некакви нови политички барања да биде дел од процес каде премиерот би сакал да капитализира кај Албанците и тоа преку демагогија, а не преку конкретни решенија за подобар живот. Едноставно, сите знаат дека човекот се занимава со уцени и пазарења, и нормално е да пробуваат да земат и бараат повеќе од него“, смета Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега