Премиерот Христијан Мицкоски денеска го репотврди ставот на Владата дека е подготвена за зголемување на минималната плата, но само како резултат на инклузивен социјален дијалог меѓу работниците и работодавачите. По посетата на ГАК, тој истакна дека државата, како работодавач на 100.000 луѓе, би имала корист од таквиот потег преку поголеми приходи во буџетот.

Мицкоски се повика на податоците од Евростат, нагласувајќи дека Македонија има најниска потрошувачка кошница во Европа во споредба со европскиот просек.

„Ако европскиот просек е 100, потрошувачката кошница кај нас е на ниво под 75. Според Евростат, куповната моќ на нашата минимална плата е во пораст и сме рамо до рамо со Грција, а далеку поконкурентни од Бугарија, Србија и Албанија“, изјави премиерот.

Тој потенцираше дека Македонија е единствена земја во регионот која бележи зголемување на куповната моќ на минималната плата во првата половина на 2025 година во споредба со истиот период лани, додека кај останатите земји се забележува стагнација или пад.

Exit mobile version