Мицкоски: Наместо да расте, паѓа просечната плата

Во денешната емисија на ТВ Алфа, гостуваше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој говореше за неисполнетите ветувања на оваа влада, која ветуваше исто така и зголемување на платата,но за жал граѓаните се сведоци дека платата паѓа.

– Реално ако погледнам на проблемот, јас не можам да видам ниту една структурна реформа. Структурна реформа започнува со наративот ќе станеме дел од НАТО и ЕУ и ќе ни појде. Ќе станеме дел од НАТО и ЕУ и ќе дојдат инвестициите. Ќе станеме дел од НАТО, ќе започнеме преговори со ЕУ и ќе се реформира судството, ќе имаме подобро образование, ќе почне Клинички да се гради, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека проектите кои се започнаа од претходната влада, тапкаат во место, не се довршуваат.

– Ветија рекорден пораст на просечната плата. Во јануари 2019-тата таа падна за 5%, споредено со декември 2018-тата. А, во февруари според завод за статистика падна дополнително 2%. Што значи дека луѓето ги исплатија дивидендите, ги исплатија бонусите претходната година во 2018-тата затоа што во 2019-тата овие реформисти во владата го качија данокот, истакна Мицкоски.

Тој кажа дека во цела Македонија владее една апатија и разочараност од владеењето на СДСМ и Зоран Заев, а граѓаните живеат мачно и тешко.

Тој истакна дека сега сите сфатија дека борбата на СДСМ и Зоран Заев не била за ,,живот’’ туку единствено за пари и функции.

-Зборувам за оние луѓе кои што во периодот кога настапи онаа таканаречена живот програма, сепак се понадеваа, имаа надеж во Зоран Заев дека можеби навистина ќе дојде животот, дека навистина она што го ветуваа таму ќе го исполнат. Денеска еве речиси две години потоа од онаа последната кампања за живот, за време на локалните избори тие сфаќаат дека практично се било за фотелји и за пусти пари. Ми приоѓаат луѓе и ми велат „ние сме разочарани долгогодишни активисти на СДСМ “ итн, вели Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.04.2019 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега