Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека туризмот останува еден од врвните стратешки приоритети на Владата, подвлекувајќи дека бројките од минатата 2025 година се повеќе од охрабрувачки. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, Македонија бележи раст кај странските туристи од над 10 проценти.

Мицкоски најави амбициозен план за иднината, со фокус на привлекување организирани групи и проширување на капацитетите.

„Се ближиме кон бројката од 3,5 милиони ноќевања, што е значаен податок, но нашата цел е да успееме да дојдеме до 5 милиони ноќевања во Македонија. Паралелно работиме на поддршка за изградба и реновирање на сместувачките и угостителските објекти“, изјави премиерот.

И покрај позитивниот тренд кај странците, податоците покажуваат дека кај домашните туристи има благ пад од 2,2 проценти, што ќе биде дополнителен предизвик за секторот во наредниот период.

Exit mobile version