Мицкоски најави блокада на државата ако нема предвремени избори

 

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот протест пред Владата рече порача дека премиерот Димитар Ковачевски нема легитимитет бидејќи не е избран непосредно од граѓаните.

 

-Ковачевски досега не излегол на избори, на анкети губи убедливо, и десетици илјади граѓани денеска, а и деновите претходно,  му протестираат. Пораката е јасна. Ова денес е најсилната порака дека народот сака избори. Ковачевски не се криј, излези, соочи се со народот, немој да се криеш позади овие канцеларии, рече Мицкоски.

 

Најави дека за да се постигне целта, опозицијата ќе го блокира целиот систем.

 

-Се поставува прашањето, како до избори? Активна блокада. Активната блокада во Собранието го даде посакуваниот ефект. Воедно сакам да предупредам доколку нема договор за предвремени избори ова лето потоа ќе преминеме во фаза на целосна блокада. Таа целосна блокада ќе биде во Парламентот, но и блокада на институциите, блокада на патишта, протести низ градовите. Блокада на процедурите и системот во распаѓање. На тој начин нема да легитимираме систем кој е диво месо и затруен од криминал и неспособност. Дали сево ова ќе има штети, некој ќе праша? Одговорот е најголемата штета сега ја плаќаме, а нашата блокада ќе биде за спас од таа штета, рече Мицкоски.

 

 

 

 

 

18.06.2022 - 22:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега