Мицкоски на средба со Мичел: Власта нема демократски капацитет и ги злоупотребува државните институции

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ д-р Христијан Мицкоски оствари средба со Дерик Мичел, Претседател на Националниот демократски институт (NDI).

На средбата соговорниците се осврнаа на одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и NDI и се согласија дека истата треба да продолжи со забрзана динамика.

Мицкоски го информираше Мичел за посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ кон евро-атланската агенда на Република Македонија како долгорочен стратешки интерес на нашата земја, посебно истакнувајќи ја улогата на САД како стратешки партнер во тие процеси. Ја изрази загриженоста поради застојот на тој план која пред се е поради неспособноста и некапацитетноста на владата да испорача реални резултати.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на некапацитетноста на власта да се справи со корупцијата и да ги спроведе потребните реформи. Тој исто така посочи дека власта нема демократски капацитет и ги злоупотребува државните институции за свои лични интереси, се поприсутни освен корупцијата се и непотизмот, матните тендери и други незаконски активности.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега