Мицкоски на средба со Меј: ВМРО-ДПМНЕ отворени за поинтензивни односи со Велика Британија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со британската премиерка Тереза Меј.

На средбата стана збор за актуелната политичка и општествена ситуација во државава, можностите за соработка и стратешките приоритети на државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека државата е со влошена економска состојба, а граѓаните живеат се потешко.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека Владата демонстрира недостаток на демократски капацитет, но и нетранспарентност во однос на најчувствителното прашање, спорот со името.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е за отворени и поинтензивни односи со Велика Британија базирани на пријателство и меѓусебно разбирање.

 

 

 

 

17.05.2018 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа