Имав средба со големите маркети. Активно ја следиме состојбата и нема да дозволиме отстапувања и профитерство, информираше на социјалните мрежи премиерот Мицкоски.
Државата нема да интервенира во пазарот без причина. Но државата нема ни да стои на страна ако се создава реален притисок врз граѓаните без објективна основа.
Со преставниците на маркетите заеднички заклучивме дека треба да има фер цени на производите и дека не треба да има ново зголемување.
Продолжуваме да ја следиме состојбата и да интервенираме доколку има потреба за тоа. Најважен е интересот на граѓаните, пишува на ФБ Мицкоски.


