Мицкоски: На пратениците од ВМРО-ДПМНЕ им пристапиле мистериозни личности

За мене политка не е пазар туку филозофија. Сето она што се темели на некои минати искуства нема да можат да бидат применети во овој парламентарен состав, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција по завршувањето на конститутивната седница.

Тој истакна дека на пратениците им пристапувале мистериозни личности.

-Да оставиме времето да покаже кој ќе го формира парламентарното мнозиство. На оние пратеници на кои им пристапиле митериозни личности кои се повикуваат на името на раководството на СДСМ, пријдоа ми кажаа и со згрозување ги одбија и јас со згрозувње одбивам да коментирам ваков тип на пазар. На тој начин само ги демотивираме нашите сограѓани за на следните избори кои ќе бидат локални да излезат и да го дадат својот глас, рече Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа