Успешно е реализиран проектот за реконструкција (рехабилитација) на коловозот и изработка на тротоар на патот кон Манастир Пеленица. Ова денеска го објави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

-Со завршувањето на зафатот е обновена коловозната конструкција и изграден нов тротоар, со што се обезбедува побезбедно и пофункционално движење за возилата и пешаците. Инвестицијата од 29.320.330 денари придонесе за модерна и одржлива патна инфраструктура, подобрена пристапност до манастирскиот комплекс и повисоко ниво на безбедност за посетителите и локалното население, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Exit mobile version