Мицкоски: Мора еднаш да се стави крај на злоупотребите, да се преиспита потеклото на имотот на политичарите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утринава гостуваше на емисија „Стадион“ на „Канал 77“ каде што посочи дека време е да се стави крај на злоупотреби, и да се преиспита потеклото на имотот на политичарите кои се богатат преку ноќ.

Имаше порано политичари кои велеа дека се просечни бизнисмени, а денеска за жал во политиката имаме политичари кои што се натпросечни бизнисмени. И тоа го стекнале благодарение на поволностите во политиката.

Без исклучоци и без никаква задршка, без никаков пардон јас сум за тоа да се провери потеклото на имот на секој еден политичар, истакна Мицкоски. Мицкоски додаде дека треба да се види потеклото на имот кога влегол во политиката. Секој треба да подлежи на еден вид таква ревизија да се види потеклото на имот на политичарот, да се види како од просечен политичар стануваат просечни бизнисмени.

Да се види колку данок платиле, како се стекнале со тоа богатство, скриено, нескриено, тајно богатство. Ние еднашка мора да ставиме крај на злоупотребата. Но јас не сум само за политичарите, јас сум за сите, појасни Мицкоски.

Христијан Мицкоски кој посочи дека треба да се понесе одговорност за сите погрешни политики, кои и наштетиле на државата.

За жал во оваа држава политичката одговорност стана за потсмев. Односно не е ни статистичка грешка затоа што кај нас политичарот ќе направи грешка , не сноси одговорност, се извинува и оди понатаму. Тоа е проблемот. И затоа ние се наоѓаме денеска каде што се наоѓаме.

 

Да еве вие велите дека направиле грешка, но никој не сноси одговорност за таа грешка, појасни Мицкоски. Мицкоски додаде дека ако е направена грешка треба да се лоцира одговорноста, кој ја направил таа грешка и да сноси одговорност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2019 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега