Мицкоски: Миле и Спиро мравка во животот не згазиле, бараме оставки

Христијан Мицкоски денеска пред ГОБ 8 Септември порача дека  Заев тоне, а во тоа тонење повлекува се со себе.

-Веднаш оставка од овие луѓе, формирање на Влада за спас на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги информира меѓународниот фактор, Комитетот за заштита и превенција од тортура при Советот на Европа и сите релевантни институции. Рацете на Зоран Заев се крвави и не постои вода која што ќе може да ги испере, порача Мицкоски.

Мицкоски порача дека граѓаните на Република Македонија ова нема да го заборават.

-Ако е ова примерот на демократските институции, ако е ова е животот кој се донесе во Македонија, нека им служи на чест. раѓаните на Република Македонија ова нема да го заборават и за сите овие злодела ќе ги казнат насилниците и сторителите. Уште повеќе ме загрижува фактот што никој не најде за сходно да излезе и да ја признае грешката пред македонската јавност, туку напротив, преку евтин ПР се втурнуваат луѓе во дополнителни проблеми, во дополнителна жива кал, да правдаат нешто со изговори кои не постоеле. Замислете, Миле и Спире, луѓе кои во животот мравка не згазиле,  ги провоцирале луѓето кои ги нападнале, ги измасакрирале и со модрици ги пратиле во болниците во Република Македонија, рече Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2019 - 18:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега